Паѓаат каматите на кредитите. Ова вчера го најавија голем дел од македонските банки како резултат на одлуката на Народната банка на РМ,  да ја намали референтната каматна стапка на 6,5 отсто. Тоа ќе значи дека наскоро  и компаниите и граѓаните ќе може да дојдат до поевтини кредити за сите намени.



Ова е четврто намалување на каматната стапка на благајничките записи во период од неколку месеци. Последното снижување е значително похрабро, за еден процентен поен, од 7,5 проценти на 6,5 отсто, додека претходните беа по половина процентен поен.

Претходно референтната камата изнесуваше дури девет проценти, ниво до кое пристигна заради неопходноста од затегнување на монетарната политика поради високиот трговски дефицит, ниските трансфери и ризикот врз девизниот курс на денарот.

OhridNews