Еден бртански падобранец навистина ја заслужува титулата за најсреќен човек на годината. Неговата авантура започнала откако скокнал со падобран над Нов Зеланд на височина од 4000 метри.

Се се одвивало во најдобар ред се до моментот кога пробал да го отвори својот падобран, а откако не се случило ништо тој бил сигурен дека паѓа во сигурна смрт.
Тој се обидел да го отвори својот резервен падобран но бил премногу блиску до земјата па истиот немал никаков ефект. 
Лиам Дун се помирил со својата судбина, но по некое чудо тој паднал во мочуриште кое доволно го ублажило ударот и тој го преживеал неверојаниот пад од 4000 метри.

Последните 200 метри беа најстрашни. Си помислив дека тоа е крајот за мене, но набргу дознав дека се излажав. Иако бев повреден мислата дека сум жив по тој пад ме правеше најсреќен човек на светот. Имам скокано над 4000 пати без никаков проблем, но по се изгледа дека за се има прв пат” изјавил авантуристот откако бил примен во болницата.