паднатата бреза ќе се исправа
Со завршување на вегетацијата, во есенскиот период, стручните служби на Ј.П.„Охридски Комуналец” ќе се обидат да ја вратат во првобитна исправена положба, а со тоа да ја зачуваат брезата од сечење, со што ќе се продолжи нејзината функција за прочистување на воздухот, создавање сенка за попријатен престој и убав изглед на шеталистето кај каналот на Билјанини извори, велат од Комуналец.