Кинескиот работник Зу Тианјун работел на еден небодер во провинцијата Сишуан во Кина. Неговата сопруга ја довела двегодишната ќерка Зу Хинпинг да го види својот татко на работа. сопружниците се зазборувале, а девојчето си играло. Одеднаш ја снемало и го пребарале целиот кат, но безуспешно
Погледнале од прозорецот и ја виделе како лежи неподвижно на земјата. Истрчале долу и повикале брза помош. За среќа имала само скршена нога и помали внатрешни повреди. Веруваат дека причината за тоа што преживеала лежи во фактот што таа паднала на ровка, тазе ископана земја која и го ублажила падот.