Мишел Кели (31) од Манчестер во Англија не го положила возачкиот испит бидејќи случајно налетала на вир со вода и испрскала маж кој чекал на автобуска станица. Испитувачот и објаснил дека направила сообраќаен прекршок и треба да размени лични податоци со пешакот. Кели веќе трет пат го полагала испитот.
„Не го прегазив пешакот. Ако се обидев да го избегнам вирот ќе дојдеше до поголема несреќа. Вака помина само со мокри пантолони“ – вели Мишел