Снег во Сахара, исклучително редок феномен, се случил оваа седмица во најголемата пустина на светот во која температурите често достигнуваат и 50 степени целзиусови. Снег паднал во вторникот, во областа Бешар, на северозападот на Алжир, недалеку од границата со Мароко.
Можеле да се видат надреални слики на палми кои се виткаат под снежниот ветер, како оној во Сибир, како и ориентални пејсажи кои наликувале на скијачки центри. Тоа бил исклучително редок феномен, но одлична вест за жителите на Сахара, објасниле медиумите. Имено, белата прекривка која ги прекрила песочните дини ќе бидат од голема корист за подземните води од кои зависел опстанокот на оазите.