Потпретседателот на хокеј клубот АК Барс и пратеник во општината во градот Казан во руската република Татарстан, Равил Саваљејев паднал од прозорецот на третиот кат од болницата во која лежел поради испитувања.

Се здобил со скршеница на карлицата и неколку модринки кога случајно паднал од прозорецот на кој пушел. Саваљејев работел за АК Барс од 2004 година, и оттогаш овој хокејарски клуб три пати го освојувал рускиот шампионат.