Полјак прежиевеал пад од 9-ти кат од солитер паѓајќи на стари фрлени душеци. Том Собиески (39) од Сопот на балтичкиот брег, се лизнал од балконот од својот стан на висина од 30 метри. За среќа, ја скршил само раката и едно ребро.
„Некој ги оставил душеците за да ги земат ѓубреџиите“ – рекол портпаролот на брзата помош која го однела Том во болница. Душеците го амортизирале падот. Иако има скршени коски Том сепак е среќен човек.