Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во мај 2011, во споредба со истиот месец од 2010 година, се забележува кај компирите, лукот, јагодите, јаболката и лупените ореви. Компирот во мај се продавал по цена од 44 денари за килограм, речиси двојно повеќе од истиот период минатата година кога чинел 24 денари за килограм.
Најголемо намалување на цените е забележано кај краставиците, оризот и лимоните. Краставиците во мај се продавале за 31 денар за килограм, додека во истиот период лани чинеле 41 денар.
Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во мај 2011, во споредба со истиот месец од 2010 година, се забележува кај црвените домати, компирите, лукот, јагодите, јаболката и лупените ореви. Најголемо намалување се забележува кај оризот, зелените пиперки, гравот, краставиците, морковите и лимоните, соопшти Државниот завод за статистика.
Во понеделник, 9-ти јуни, во периодот од 12:30 до 14:30 часот во дворот на гимназијата „Св Климент Охридски“ ќе се одржи Еко пазар Посетителите ќе имаат можност за купување од втора рака на стара и...
Најфреквентната улица во градот, булевар „Туристичка” – лицето на Охрид, изгледа како да сме на периферија, а не во туристички центар, реагираат од СДСМ Охрид Испукани тротоари, дупки на секо...
На 07062025 во 0115 часот во СВР Охрид 63 годишно лице од Охрид пријавило дека пред угостителски објект во Охрид бил физички нападнат од едно лице Се преземат мерки за расчистување на настанот Ohri...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.