Десет години стариот рекорд на Александар Маленко во дисциплината на 200 метри грбно , го собори младинскиот пливач Горазд Чепишевски во Тампере (Финска), на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ).

    

Најдобар резултат беше 2:10,90 минути,а Чепишевски патеката ја минал за 2:10,49 освојуваќи го 4. место во Б-финалето, односно во генерален пласман бил 12-ти од вкупно 28 пливачи.

Александар Маленко, своеремено еден од најуспешните македонски пливачи, одмана не се занимава со овој спорт, а е сопственик на уште седум државни сениорски рекорди во 50-метарски базени.

ohridnews