Ноќеска во Охрид падна првиот снег. Во градот обелеа само покривите на куќите, додека на планините Петрино и Галичица снегот го има во изобилие.

Денеска  ќе преовладува облачно време со слаби повремени врнежи од снег.  Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе се движи до 4 степени.

Сообраќајот низ целата држава се одвива тековно, без забрани и ограничувања по претежно влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет кој не се задржува на коловозот се бележат низ целата држава. На сите возачи им се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината, како и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација.


прв снег на првиот ден од зимата