При заедничка контрола на СВР Охрид и Државниот пазарен инспекторат, угостителски објект во струшкото село Франгово, сопственост на жител од истото село, бил затекнат како работи после 23 часот, што е спротивно на мерките за заштита од Ковид 19.
Тој, не го затворил објектот односно продолжил со работа поради што, од инспекторите на ДПИ, изготвен е записник и соодветна пријава. – соопшти СВР Охрид.
Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 101 прекршок за неносење лична заштита на лицето: Охрид-34, Струга-28, Кичево-34, Дебар-05).
На прекршителите им се издадени платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.
OhridNews