Секој почеток има свој крај,така непобедливата серија на Барса застана на малерозната 13 –ка. Веселата дружина од Ливерпул ја напушта каталонската престолнина со песна, само што сега сигурно сите ке пеат . На останатие терени беше мирољубиво а никој од тимовите не се стекна со одлучувачка предност.
Барселона – Ливерпул 1:2
10 –дневните подготовки во Португалија се покажаа како одлично решение на Бенитез во пресрет на 1/8 натпревар во ЛШ. И покрај тоа што медиумите беа повеќе засегнати со тоа кој кого натепал за време на пијанките на играчите на Ливерпул, дечките на Рафа одлично одговорија на анемичната Барса и само ја продлабочија кризата во која се наоѓа шпанскиот шампион. Каталонците поведоа со голот на Деко по 15 мин игра , но тоа беше се што направија Роналдињо и другарите. Црвените на истекот на полувремето израмнија преку Белами , а победата во вториот дел ја донесе Рисе по додавањето на Белами. Интерсено и двајцата беа вклучени во инциднетот за кој на големо се зборуваше.
Како играше Барса тешко дека на Енфилд ке може да се надева на победа од 2 разлика која ја води понатаму .
контроверзниот Белами-стрелец и асистент во победата на Ливерпул
Интер – Валенсија 2 :2
И покрај 16-те победи по ред во серија А , административниот првак на Италија покажа само колку е голем падот на италијанското калчо годинава. На “Меаца“ Интер поведе преку Камбиасо ,со прекрасниот гола на Давид Виља, “љиљлаците“ се вратија во игра. Нероазурите на 15 мин пред крајот дојдоја повтороно во водство преку Маикон,а радоста им ја скрати Силва на 4 мин пред крајот .
Интеристите сега сигурно ке се присетат и ке посакаат да ја повторат најголемта клупска победа во ЛШ кога на Местаља ја торпедираа Валенсија со 5: 1
Камбиасо постигна еден од четирите гола на “Меаца“
Порто – Челзи 1:1
Во центарот на вниманието ,вообичаено кога игра Челзи беше Жозе Мурињо кој се врати на “местото на злосторот“ , на својот “Драгао“ каде со Порто две години по ред освојувше трофеи. Во 2002 Уефа Купот, во 2003 ЛШ,но сега тие денови се минато .Се се случи во првото полувреме ,прво домакините поведоа преку Меирлес,а нешто подоцна најскапиот и најкритикуваниот играч на Челзи Шевченко ги постави конечните 1 : 1.
Апсолутен фаворит ќе биде Челзи на реваншот на Стемфорд Бирџ .
конечно проработи – Шевченко израмнува на 1:1
Рома – Лион 0 : 0
Единствениот натпревар без голови вечерта пред преполниот Олимпико го одиграа Рома и Лион. Ни Тоти ни Жунињо не успеа да го пронајдат патот кон мрежата па мораа да се задволат со реми без голови.Натпреварот го одблежаа мошне грубата игра, па главниот судија Мајк Рајли покажа 11 жолти кратони, 8 на романистите и 3 на гостите од франција. Останува отворено прашањето за патникот во нареднта фаза .
малку возбудувања имаше на “Олимпико“
Реванш натпреварите се играат на 6 Март
М.Постолоски