Ракометарите на Охрид ја забележаа втората победа на подготовките во Грција. Вечерва, ГРК Охрид беше поуспешен во контролен натпревар од АЕК 29:31, полувреме 17:17.
На средбата во дресот на Охрид дебитираше јапонскиот интернационалец Матцуока, а во екипата после репрезентативните обврски на ЕП се врати и Грузиецот Орјоникидѕе.
Најефикасен во редовите на Охрид беше десниот бек Шешиќ со 6 гола.
Статистика ГРК Охрид: Ѓорѓеиски, Олјески, Андоновски 2, Матцуока 3, Стоилевски 2, Дрогришки, Пелидија 2, Шипинкоски, Ристески 1, Тасески2, Сафранко, Куковски 1, Шешиќ 6, Орјоникидѕе 4, Бојаниќ 4, Цирар 4.
Ова е втора победа за пулените на Стефче Алушевски на подготовките во Грција, откако вчера „Гладијаторите“ ја совладаа екипата на Дукас 30:32.
Во Грција ГРК Охрид ќе одигра уште еден подготвителен натпревар со Олимпијакос, по што екипата ќе отпатува во Србија каде ќе има уште шест контролни средби пред продолжување на сезоната во Супер лига и плеј-оф натпреварите.
Г.М.