Голема гранка од врба падна во населбата Далјан за време на невремето што вчера попладне го зафати Охрид. Гранката се струполила на тротоарот но за среќа во тие моменти никој не поминувал по него.


Падна гранка од врба во Далјан. За среќа нема повредени

Силното, но за среќа краткотрајно невреме што вчера го зафати Охрид покрај кршење на дрвја, предизвика и краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија, поради што охриѓани повеќе часови останаа без сигнал од националните телевизии.


Невремето во Охрид предизвика прекин во напојувањето со ел. енергија

Ohridnews
фото: Митко Орачевски