Поголема здрава гранка се откинала од дрво во комплексот Летница во центарот на Охрид. За среќа во инцидентот никој не е повреден.

Како што ни изјави директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ Љупчо Геданоски, се работи за постаро дрво од видот Павловниа, од кое кое за краток период се откинале две гранки.

Чиста среќа е што никој не е повреден. Од нашите стручни служби задолжени за одржување на дрвјата и  зеленилото во градот сум информиран дека овој вид на дрва најчесто се користат во индустријата и не се соодветни за јавни површини каде има поголема фреквенција на луѓе. – изјави Грданоски.

Просторот каде доцна попладнево падна гранка од дрво е расчистен, а околните деловни објекти работат нормално.

Г.М.