Деветнаесет гола донесоа трите натпревари што се одиграа вечерва на традиционалниот турнир во мал фудбал “Петровден” во Мешеишта .

Најефикасно беше на средбата помеѓу АСП ПАК и Американо која заврши со 11:0, што е највисока победа во досегашниот тек на турнирот.

Резултати 25.06.2024

Дипсакус Вевчани – Велио Компани 3:0

АСП ПАК – Американо 11:0

Гостилница Кај Мече – Требеништа 4:1

Турнирот продолжува во среда со нови три средби.

Распоред на натпревари среда, 26.06.2024

20:30 ч. Ајриш Паб Фајв – Брумел

21:30 ч. Др. Баткоски – Игор Бенд Бушиноски

22:30 ч. Еко Шпар – Кутлеш

Г.М.