Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од едно место на ФИФА ранг-листа објавена денес „Црвено-жолтите“ сега се наоѓаат на 72. место.

Лидер и натаму е Аргентина, пред Франција и новиот европскиот шампион Шпанија која забележа скок од пет пзоиции.

Во Топ 10 се уште и: Англија, Бразил, Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија.

Следното рангирања Светската фудбалска асоцијација ќе ги изврши на 19 септември.

OhridNews