Двата јунски порази во евроквалификациите од Украина и Англија придонесоа македонската фудбалска репрезентација да назадува три места на најновата ранг-листа на ФИФА на која „црвено – жолтите“ се на 68 место.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски претходно овој месец загубија на домашен терен од Украина (2-3), а потоа и на гостувањето во Англија (0-7) во рамки на квалификациската група Ц за пласман на ЕУРО 2024.
Македонската репрезентација ги продолжува евроквалификациите на 9 септември кога во Скопје ќе го пречека актуелниот европски првак Италија.
Најновата ранг-листа на ФИФА не донесе измени меѓу Топ 3 репрезентациите. Актуелниот првак Аргентина остана на водечкото место пред Франција и Белгија.
OhridNews