Неуспешниот настап во Лигата на нации се одрази и врз пласманот на македонската женска фудбалска репрезентација на ранг – листата на ФИФА на која избраничките на селекторот Кирил Изов назадуваа шест позиции и се наоѓаат на 135. место.

Македонските фудбалерки, кои во ноември и на почетокот на декември во Лигата на нации претрпеа два порази од Косово, а во дуелите со Бугарија загубија и ремизираа, ја завршуваат 2023 година со 1.085.24 бодови, 8.11 помалку во однос на претходното рангирање.

Актуелниот светски првак Шпанија прв пат во историјата е водечка на ФИФА ранг-листата пред САД, Франција, Англија и Шведска.

Овој месец на ФИФА ранг – листата се најдоа рекордни 192 репрезентации, откако раководното тело на светскиот фудбал ги приклучи Централноафриканската Република и Макао.

OhridNews