Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во август 2011, во споредба со истиот месец од 2010 година, се забележува кај лукот, кикиритките во зрно и лупените ореви. Најголемо намалување на цените е забележано кај црвените домати, лубениците и лимоните.

Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во август 2011, во споредба со истиот месец од 2010 година, се забележува кај лукот, кикиритките во зрно и лупените ореви. Најголемо намалување се забележува кај црвените домати, кромидот и лимоните.

OhridNews