Охриѓани и бројните гости доживуваат вистински шок, откако дневната температура вчера опадна за речиси 20 степени.
Според Управата за хидрометеролошки работи максималната дневна температура во Охрид вчера изнесуваше 12 степени. Дождот и ветрот од северен правец преку ноќ пеколните летни горештини ги заменија со доцна есен, а ваквото нестабилно и студено време ќе потрае до среда.
Од четврток според синоптичарите не очекува нов температурен шок а дневните температури се најавува дека ќе достигнат + 36 степени. Ваквите температурни промени најтешко ги поднесуваат хроничните болни, а на главоболки и други тегоби се жалат и голем број други граѓани.
Лошото време предизвика дел од туристите предвреме да го завршат одморот и да си заминат од Охрид.
ohridnews