Можен пад на НЛО во Саудиска Арабија, кој го сведочат милиони луѓе и можел да се види дури во Кувајт, останува голема мистерија. Две седмици по инцидентот владата не дава соопштение за необичниот настан.
Голем број Саудијци веруваат дека источно од главниот град се срушил НЛО, а други теории споменуваат метеори, сателити, воени вежби, па дури и знаци од Господ. Саудиската полиција тој ден примила илјадници повици од исплашени граѓани, од кои еден бил посебно интересен. Сведокот телефонски и раскажувал на полицијата дека објектот пред падот гаѓал нешто со зелени ласери. Подрачјето на падот веднаш го зазела војската, а населението нема поим што навистина се случило.