Црногорскиот медиум „Тв Вести“, пред неколку денови објави снимка, на која се гледа пад на метеор.

Како што соопштуваат од телевизијата, метеорот е забележан од страна на камера за видео надзор, на 3-ти јануари оваа година.

Побарана е консултација од астрономот Игор Дајковиќ, кој за оваа телевизија ја потврдува информацијата.

Инаку, неодамна метеор навлезе во атмосферата над руската Челјабинска Област, кој предизвика материјална штета од околу 24 милиони евра.

OhridNews