Покрај бројот на туристи, според статистичките податоци, намалување од 2,1 отсто бележи и бројот на ноќевањата. Во октомври бројот на ноќевањата изнесува 101.668. Кај домашните туристи бројот на ноќевањата е намален за 2,9 отсто, а на странските туристи за 1,5 отсто.
Намалување на бројот на туристи за 1,5 отсто е забележано и во периодот јануари – октомври годинава, во однос на истиот период лани. Кај домашните туристи намалувањето е за 5,8 отсто, а на странските за 4,9 отсто.
Бројот на ноќевањата во овој период е немелен за 5,6 отсто. Кај домашните туристи има намалување за 8,1 отсто, но кај странските е забележано зголемување за 2,4 отсто.
Бројот на странските туристи во октомври годинава, во однос на претходниот месец, е намален за 16,2 отсто, а бројот на ноќевањата е намален за 18,4 отсто.