Акциите на Охридска Банка, во текот на вчерашното берзанско тргување, остварија пад од 2,04%. Цената на една акција од оваа банка сега изнесува 2.400 денари. Ова е за околу 600 денари помалку од највисоката цена која годинава  ја достигна оваа акција.

Највисоката цена, акцијата на Охридска банка годинава ја постигна на 15-ти октомври или 3.065,49 денари, а најниската  на 2-ри април кога изнесуваше 1.400 денари.

Ohridnews