Некогашниот младински репрезентативец на Англија и член на Кардир Питер Витингем почина во 35-та година од животот, како последица од пад во еден паб во Бери.
Докторите цела недела се бореле за неговиот живот но не успеале да го спасат. Повредите на главата при падот се покажале фатални.
Добивме ужасни вести, почина нашиот поранешен фудбалер Витингем. На сопругата Аманда и синот им упатуваме поддршка и сила да ја пребродат големата загуба. – се вели во соопштението од Кардиф.
Витингем кариерата ја започнал во 2003 година во Астон Вила. Пред да се пресели во Кардиф каде играл 10 сезони, Витингем ги носел дресовите на Барнли и Дерби Каунти. Професионалната кариера ја завршил во 2018 година, во тимот на Блекбурн.
OhridNews