Пациенти болни од рак кои самостојно примаат хормонална терапија, бараат Клиничката боилница во Битола да ја разгледа можноста за достава на лекарства до нивните домови. Таква пракса во земјата е веќе воспоставена на Универзитетската клиника во Скопје, која во соработка со Црвениот крст врши достава на неопходните лекарства за болните од онкологија до нивните домови.

Пациентите кои се водат во Клиниката во Битола мора сами да ги подигаат овие лекарства или за тоа да ги ангажираат нивните семејства. Тие кои не возат мора да ангажираат превоз, да земаат слободни денови од работа и слично. – посочуваат семејствата со пациенти заболени од рак.

Пациентите од Охрид болни од рак бараат Клиничката болница во Битола да овозможи достава на лекови до дома

Од Клиничка болница Битола информираат дека кога се префрлиле пациентите од Универзитетската клиника за онкологија од регионот да подигаат терапија во КБ Битола, службата за онкологија по протокол имала организиран начин на преглед и издавање на терапијата. Нивна обврска е да ја обезбедат терапијата и да ги примаат сите пациенти од регионот иако тоа ги надминува капацитетите, велат од Министерството за здравство.

Доколку постои таква иницијатива за достава за лековите преку Црвен Крст во рамките на протоколите КБ Битола би го поддржале тоа без проблем и би го прифатиле како организација. -информира Министерството за здравство.

Неофицијално, семејствата на пациентите болни од рак стапиле во контакт и со Црвениот крст, од каде исто така им било кажано дека доколку постои согласност од болницата може да се врши достава на потребните лекови до домовите на пациентите.

Г.М.