Ниските температури што подолг период владеат кај нас, може да предизвикаат сериозни оштетувања на инсталациите за вода и да предизвикаат штета во домовите.
Особено во опасност се викенд куќите и становите кои не се доволно изолирани. Оттаму неопходно е добро да се заштитат водомерите од надворешните температурни влијанија, советува ЈП Водовод Охрид.
Ги известуваме нашите корисници дека поради ниските температури постои можност за разни дефекти на водомерните броила предизвикани од мрзнење. Поради тоа потребно е истите да се заштитат како би се избегнале дополнителни трошоци за санација кои се наплаќаат од наша стрaна. Заштитата се врши со обвивање на водомерот со изолационен покров и покривање на шахтата со изолационен материјал (тервол или стиропор). – информира ЈП Водовод Охрид.
OhridNews