Ова прашање се наметнува по одредени дискусии на вчера одржаната седница на Советот, на која од дневен ред на барање на градоначалникот Константин Георгиески беше повлечена Предлог одлуката за давање согласност за утврдување на тарифа за водоснабдување на ЈП „Водовод“ – Охрид за периодот 2021-2023 година, а на што општината е обврзана согласно законот.
На седницата опозицијата отвори повеќе дилеми и прашања за состојбата на градскиот водовод, искористеноста на јавниот ресурс, големите загуби на вода и најавеното поскапување на водата, на што реагира ЈП Водовод Охрид.
Советничката Гордана Коњаноска истака дека 72% од водата која ја генерира ЈП Водовод во 2019 не е регистрирана, што ќе го потврдат и анализите, но ќе запрашам дали советничката е информирана дека од формирањето на МЈП Проаква па се до денес не е променета ниту една водоводна линија (исклучок е ул. Абас Емин каде ова раководство отпочна со реконструкција на водоводната и канализациона мрежа). Загубите се должат исто така и на нефактурирање по разни основи, меѓу другото на градски фонтани, верски објекти, градски гробишта и др. објекти од јавен интерес. Секако треба да се истакне и несовесноста на одредени граѓани кои извршиле диви приклучоци, а кои јавното претпријатие не успева да ги детектира. – вели в.д. директорот на ЈП „Водовод“ Охрид Светозар Стефановиќ.
Стефановиќ тврди дека цената на водата нема да се зголеми по барање на Градоначалникот или ЈП „Водовод“ Охрид, туку согласно Решението на Регулаторната комисија задолжена за мониторинг на работата на јавното претпријатие, а кое законски мора да се спроведе, појаснува Стефановиќ.
Истакнати се невистини дека цената на водата ќе се зголеми за 50%, што ги демантира законот во кој е опишано дека зголемувањето може да изнесува само 5% од тековната цена. – истакнува в.д. директорот на ЈП „Водовод“ Охрид Стефановиќ.
Порастот на цената на водата ќе се движи според следниов распоред:
OhridNews