Кабаст отпад утрово пред контејнерите кај Горна Порта говори за сеуште ниската свест кај нашите сограѓани во однос на одложување на отпадот.

Од ЈП Охридски Комуналец велат во два наврати била спроведена акција за подигнување на кабаст отпад од овој дел на градот и упатуваат апел до граѓаните за совесно однесување.

Ова е сликата од Горна Порта утрово. Од истото место екипите на ЈП Охридски Комуналец подигнаа кабаст отпад и во четвртокот и во саботата, а овие слики се само по два дена!, велат од претпријатието.

Апелираат до граѓаните да бидат совесни и да не депонираат кабаст отпад кај ќе стигнат.

OhridNews