Со пригодна свеченост, јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ денес, го одбележа својот патронен празник  „7-ми Ноември”.

Претпријатието веќе 66 години успешно се грижи за одржување на јавната чистота и зеленило во градот и се вбројува меѓу најдобрите комунални претпријатија во земјата.

На свеченоста на вкупно 42 вработени им беа врачени награди за 10, 20 и 30 години   непрекината работа во Ј.П.”Охридски Комуналец” и тоа : тројца вработени за 30-годишно работење, четрнаесет вработени за 20-годишно работење и дваесет и пет вработени за 10-години непрекинат работен стаж.