Шумскиот пожар во Охридско ставен под контрола, на терен дежурни екипи информираат утрово од ЈП Национални шуми.

Во шумскиот пожар велат зафатена е поголема површина од нискостеблена дабова шума во ШСЕ Буково, одделите 2, 3, 4 и во ШСЕ Мазатар оддел 153, каде што била зафатена борова шума.

Пожарот е појавен вчера попладне, кој моментално бил ставен под контрола, меѓутоа од 5 часот наутро на терен се наоѓаат 50 вработени од подружницата Галичица со едно противпожарно возило, од ТППЕ од Охрид со седум пожарникари и две протоивпожарни возила, ЦУК од Охрид и Битола со по едно возило и пет лица. Во моментот пожарот е ставен под контрола, но на терен остануваат дежурните екипи до негово целосно локализирање, велат од ЈП национални шуми.

Додаваат дека вкупната зафатена површина и направената штета дополнително ќе се проценуваат.

OhridNews