Марко Пејчиновски (пливање), Стојан Стојановски, Ана Стојановска, Павел Стефковски, Ива Кецкарова, Мина Петреска, Матеја Билбилоска и Јована Кецкарова (тенис) се младите и талентирани спортисти на кои ЈП Билјанини извори им овозможува бесплатно користење на градски базен и тениски терени, а кои аплицираа на јавниот конкурс распишан од претпријатието во месец јануари.
Јавниот конкурс беше распишан за поддршка на млади и талентирани спортисти во индивидуалните спортови на територија на Општина Охрид. Согласно тоа, а врз основа на документите кои беа приложени од страна на апликантите како критериуми утврдени за учество на јавниот конкурс, ЈП Билјанини Извори информира дека ги прифати сите предложени млади и талентирани спортисти кои аплицираа на јавниот конкурс и со тоа им се овозможува бесплатно користење на спортската инфраструктура што ја стопанисува претпријатието, а се однесува на спортот кој го претставуваат.
ЈП Билјанини Извори и во иднина ќе биде иницијатор и подржувач на сите активности кои ќе бидат во насока на поддршка на младите и талентирани спортисти на територија на Општина Охрид.
OhridNews