Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ донирајќи 200 пакети средства за дезинфекција на подови, 100 литри течен сапун, 200 пакети вода за пиење, 160 ролни бришачи за раце и поголема количина на свежо овошје наменети за лицата кои се лекуваат во Ковид одделението во склоп на охридската Општа болница, ја продолжи традиција на донирање во пресрет на Божиќните празници.

Донацијата на Општа болница која е регионален Ковид центар и ја предаде директорката на ЈП „Билјанини Извори“ Гордана Јованоска, која посака што побрзо да се надмине пандемијата и кризата предизвикана од коронавирусот.

 

OhridNews