Поради ублажувањето на мерките за движење на Владата на Северна Македонија, ЈП „Билјанини Извори” од 6 мај ќе продолжи со наплата на градскиот паркинг простор со кој стопанисува јавното претпријатие. Согласно новите мерки работното време за наплата ќе биде од 08 до 18 часот, информираат од јавното претпријатие.

Сите заинтересирани за месечна или годишна паркинг картичка, од понеделник 04. 05. 2020 година може да се обратат во канцеларијата на ЈП „Билјанини Извори”, на улицата „Партизанска“ во близина на хотел Палас, од 08 до 18 часот.

Од претпријатието нагласуваат дека согласно мерките и препораките за заштита и превенција од Ковид-19, обезбедена е соодветна заштита за сите вработени на јавниот паркинг простор.

OhridNews