Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, од понеделник 30 јули, ќе започне со издавање на специјални пропусници за непречено возење во зоната на Стар град за сите таксисти и такси компании кои имаат решение за вршење на превоз на патници.

  • Сите заинтересирани ги повикуваме да дојдат во дирекцијата на ЈП Билјанини Извори (Спортска сала Билјанини Извори) од 8 – 15 часот започнувајќи од понеделник и со себе да носат решение за такси превозник и копија на сообраќајна дозвола. Специјалната дозвола – магнетна картичка која се издава чини 150 денари и се плаќа еднократно. – соопшти ЈП „Билјанини Извори“.

OhridNews