Основите училишта „Св. Наум Охридски“ од Пештани, „Ванчо Николески“ од Лескоец и „Кочо Рацин“ од Велгошти добија донација фудбалски топки од Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ предводена од директорката Гордана Јованоска.
- ЈП Билјанини Извори согледувајќи ја потребата за спортски реквизити на основните училишта од руралните средини на територија на Општина Охрид донираше 40 фудбалски топки за потребите на активите по физичко образование се со цел да се помогне на образовниот процес, а во насока на поддршката на правилниот начин на развој кај децата. ЈП Билјанини Извори во рамките на своите можности и во иднина ќе се насочи кон поддршката на образовните институции пред се поради нашите деца и нивниот правилен психофизички развој. – изјави Јованоска.
Основците од трите училишта ќе можат веднаш да ги користат и безгрижно да се посветат на спортот кој ќе им помогне да се развијат во здрави и вистински личности.
OhridNews