Фудбалерите на Милан на крилатата од новата аквизиција Криштоф Пјатек го совладаа Наполи (2-0) и обезбедија пласман во 1/2 финалето во Купот на Италија.
Мечот на Сан Сиро комплетно го одбележа полскиот фудбалер Пјатек кој ги постигна головите за победа. Репрезентативецот на Полска во Милан дојде како замена за Гонзало Игуаин кој премина во Челси и експлодираше во првиот меч кој го започна од стартот. Напаѓачот за почетно водство погоди во 11-та минута, а во 27-та минута втор пат ја затресе мрежата и ги фрли во транс навивачите на стадионот.
Полуфиналистите во италијанскиот Куп ќе се комплетираат со мечевите помеѓу Фиорентина – Рома, Аталанта – Јувентус односно Интер – Лацио.
OhridNews