Викендов во Ниш соседна Србија се одржа традиционалниот меѓународен боксерски турнир “Day of knights” каде учество зедоа и охридските боксери Мартин Јузмески и Димитар Ѓорески.

Двајцата се претставија во одлично светло совладувајќи ги своите противници од Србија.

Мартин Јузмески го совлада Марко Саити на поени 3:0 додека Димитар Ѓорески го победи двократниот првак на Србија, Младен Стојановиќ исто така со убедливи 3:0 на поени.

Со ова охридските боксери ја завршија овогодинешната натпреварувачка сезона.

OhridNews