Германскиот фудбалер Месут Озил е нов фудбалер на Фенербахче. Озил во турскиот клуб се преселува од Арсенал, каде помина се и сешто после доаѓањето од Реал Мадрид. Озил не го криеше задоволството од трансферот во Фенербахче и рече дека му се остварува сонот, затоа што е голем навивач на клубот каде ќе настапува следниов период.
Пресреќен сум што сум овде. Се надевам дека ќе имаме многу успеси со клубот и ќе ги направиме нашите навивачи среќни. – изјави Озил.
Германецот од март минатата година нема одиграно официјален натпревар за Арсенал, бидејќи не беше дел од плановите на менаџерот Микел Артета. Озил во Фенербахче ќе го носи дресот со бројот 67.
Аркадиус Милик продолжува во Олимпик Марсеј
Слична судбина како Месут Озил во Арсенал имаше Аркадиус Милик во Наполи. Полјакот се најде во „црната тетратка“ откако одби да го продолжи договорот со „азурите“.
Милик долго време бараше да биде ставен на трансфер листа, а клубот од Неапол се до зимава одбиваше. Полскиот голгетер зимава во Олимпик Марсеј ќе се пресели како позајмен фудбалер, а французите треба да го откупат во летниот преоден рок, во трансфер вреден 8 милиони евра.
OhridNews