Легендарниот Ози Озборн наскоро ќе има повратничка турнеја со бендот „Блек Сабат“, а претходно ќе се бави со водење на радио емисија. Ози прифатил да води своја радио емисија во која ќе пушта хитови по свој вкус. Како што открил, тоа ќе биде музика на Металика, Ван Хален и AC/DC, како и неколку негови песни.

Освен тоа во емисијата Ози ќе зборува за својата кариера и приватниот живот. Неодамна станал дедо. Изјавил дека после се што минал во својот живот, никогаш не помислил дека ќе заврши со сопствена радио емисија.