Познатиот рокер, Ози Озборн, сака да го игра ликот на својата почината мајка Лилијан, во филмот кој ќе се снима за неговиот живот. Тој изјавил дека не сака да се глуми самиот себе, туку да глуми некој друг лик од неговото семејство.


Додека тој би ја глумел сопствената мајка, негова желба е ликот на Ози да го игра популарниот актер Џони Деп. Неговата сопруга Шерон, исто така пејачка, би сакала нејзиниот лик да го игра Кели Малиген, бидејќи ја смета за преубава.