Рокерот Ози Озборн ги демантирал гласините дека се разведува од сопругата Шерон и му се извинал на семејството поради тоа што се вратил на алкохолот и дрогата. Рекол дека бил во мрачно расположение, но и дека бил трезен 44 дена.

Во порака на Фејсбук страница, Ози Озборн истакнал дека во изминатата година и пол пиел алкохол и користел наркотици. брачниот пар Озборн и нивните деца, Џек и Кели, станале реални ѕвезди пред десет години во MTv серијалот „Озборнови“.