Рокерот смета дека Божик на луѓето и станал причина да се напијат, а не да го слават Исусовото раѓање. Лечениот алкохоличар и наркоман, Ози Озборн, открил дека и тој претходно пиел цела ноќ наместо да биде со семејството. Затоа сега сака да се забранат празниците.
Го живцираат и рекламите кои ги охрабруваат луѓето да трошат над своите можности и едвај чека да почне следната година и да завршат сите прослави кои и претходат на нејзиниот почеток. Наредната година планира да издаде книга во која ќе ги собере своите совети кои моментално ги пишува за „Сандеј Тајмс“.