Пред 20 години во Крањ, Словенија македонска фудбалска репрезентација го одигра првиот натпревар во кој славеше со 4-1.  

На стадионот од Фудбалската федерација на Македонија со ревијален натпревар беше одбележан јубилејот 20 години од тој меч, кој беше историски за фудбалот во нашата земја.

Дуелот на селекцијата од 1993 година и репрезентацијата од новинарите заврши без победни 1-1, но пријателската атмосфера и тоа како владееше на теренот.

Селецијата од 1993 ја предводеше Андон Дончески, а во неа недостасуваа Дарко Панчев, Илија Најдоски, екс селекторот Чедомир Јаневски и Драган Канатлароски.

Фото : „Екипа.мк“
Мх.П.