Еден јужноафриканец се разбудил во мртовечница откако неговото семесјтво без потврда на лекар мислело дека е мртов и телото го предале на пограбалната служба. Членовите на семејството го пронашле неговото тело неподвижно и повикале приватна погребална служба која телото го пренесла во мртовечница. Тој таму минал речиси 24 часа пред да се разбуди.


Започнал да вика и да бара да го извадат од ладната просторија. Двајцата дежурни лекари во паника побегнале од зградата мислејќи дека е некој дух. Откако малку размислиле и се охрабриле се вратиле во мртовечницата. Човекот го однеле на преглед. Портпаролот на мртовечницата изјавил дека луѓето не би смееле сами да утврдуваат дали некој човек умрел. Доколку се сомневаат би требало да повикаат лекар. На крајот додал дека лекарите, брзата помош и полицијата се единствените релевантини органи кои можат службено да потврдат дали некое лице е мртво или не.