Истражување спроведено на универзитетот Калифорнија сугерира дека мажите кои се во брак имаат поздрави коски од неоженетите врсници. Новите откритија, објавени во стручното списание “Osteoporosis International” се засноваат врз податоци собрани од околу 300 мажи, јавуваат медиумите.
Покрај тоа, потврдено е дека најздрави коски имаат мажите кои никогаш не биле разведени. Меѓутоа, истражувачите укажуваат дека позитивно влијание на бракот врз здравите коски сепак не било присутно кај мажите кои се ожениле пред да наполнат 25 години. Од друга страна, податоците собрани од 340 жени не го поврзале бракот и подобрувањето на здравјето на коските.