Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нов случај со Ковид-19 во: Скопје – 357, Прилеп – 72, Кавадарци и Гевгелија – по 42, Неготино – 30, Охрид – 26, Велес – 20, Гостивар – 18, Куманово – 17, Битола – 16, Кочани – 12, Крушево – 10, Струга – 8, Штип и Богданци – по 7, Крива Паланка – 5, Кичево, Ресен и Валандово – по 4, Тетово и Виница – по 3, Струмица, Делчево, Демир Капија и Пехчево – по 2, Свети Николе, Радовиш, Пробиштип, Кратово, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Регистрирани се 1.753 оздравени пациенти од кои 97 од Охрид и 35 од Струга.

Пријавени се вкупно девет починати лица. Починати се по тројца пациенти од Скопје (85г, 80г, 69г,), двајца пациенти од Куманово (81г, 74г) и по еден пациент од Прилеп (75г), Велес (73г), Крива Паланка (73г) и Валандово (71г). Осум пациенти се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат во домашни услови, соопшти Министерството за здравство.

Во моментов во Охрид има 404 активни случаи, а во Струга 163.

OhridNews