Во изминатите 24 часа направени се 3.149 тестирања, а регистрирани се 406 нови случаи на КОВИД-19. Починале 12 лица, а 387 се оздравени, соопшти Министерството за здравство.

Од новите 406 случаи на КОВИД-19, најмногу има во Скопје – 184, Куманово – 31, Штип – 23, Велес – 19, Битола – 17, Кавадарци – 13, Свети Николе и Крива Паланка – по 12, Прилеп и Гевгелија – по 11, Кочани – 10, Струмица – 9, Кратово – 7, Тетово, Охрид и Струга – по 6, Виница – 5, Демир Хисар – 4, Гостивар, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица – по 3, Делчево и Пробиштип – по 2, Кичево, Ресен, Дебар и Валандово – по 1.

Од вкупно 387 оздравени пациенти, повеќе од половина се од Скопје или 223, Охрид – 48, Куманово – 23, Струга – 13, Кавадарци и Струмица – по 11, Битола – 10, Радовиш – 6, Крива Паланка и Тетово – по 5, Велес, Гевгелија и Кичево – по 4, Штип и Гостивар – по 3, Прилеп, Кочани, Неготино и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Виница, Делчево, Пробиштип, Ресен и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица. Шест починати лица од Скопје (63г, 71г, 72г, 75г, 81г и 85г), две починати лица од Битола (63г и 80г) и по едно починато лице од Штип (69г), Кратово (71г), Струмица (57г) и Охрид (55г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште 6 починати лица, со датум на смрт од 08.09.2021 до 03.10.2021 година. Починатите лица се 4 лица од Скопје и по едно лице од Тетово и Струмица, на возраст од 59 до 89 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а две лица се починати во домашни услови.

Во моментов, во Охрид има 300 активни случаи.

OhridNews